Фон Дер Лајен: Нема извоз за „АстраЗенка“, договорите треба да се почитуваат

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека „АстраЗенека“ повеќе не може да извезува вакцини против Ковид-19 од Европа во други региони сè додека не ги исполни своите договори со Европската унија.

– Мислам дека на „АстраЗенека“ и е јасно дека мора да го испочитува договорот што го има со земјите-членки на ЕУ пред да почне повторно да извезува вакцини, рече Фон Дер Лајен по состанокот на Европскиот совет.

Таа нагласи дека обврска на ЕУ е да им покаже на своите граѓани дека и тие ќе го добијат својот фер удел во дистрибуцијата на вакцините и оти затоа компаниите се должни да ги почитуваат нивните договори со ЕУ пред да извезуваат во други региони.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он