Фон дер Лајен ќе разговара со Бајден за набавката на плин за Европа за следните две зими

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Европскиот парламент најави дека утре ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за да го обезбеди снабдувањето на Европа со течен гас во следните две зими.

-Утре ќе разговарам со претседателот Бајден за тоа како да се даде приоритет на снабдувањето со течен природен гас од САД за Европската унија во наредните месеци, рече Фон дер Лајен на пленарната седница на ЕП.

Таа додаде дека целта на ЕУ е да се добијат гаранции за дополнителни снабдувања за следните две зими, нагласувајќи дека енергетската политика е и безбедносна политика.

Фон дер Лајен ги коментираше високите цени на бензинот, истакнувајќи дека Комисијата предложила мерки за намалување на увозот од Русија.

-Посилни сме кога го користиме тоа што го нуди нашиот единствен пазар и доколку покажеме солидарност можеме да работиме заедно, првенствено во областа на високите и флуктуирачки нестабилни цени на бензинот, рече Фон дер Лајен во ЕП.

Затоа Комисијата, додаде таа, предложи мерки што ќе ни овозможат значително да го намалиме увозот на гас од Русија.

-Тоа е многу амбициозно, но ние веруваме дека можеме да го постигнеме и веќе тргнавме на овој пат, рече Фон дер Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Западот каков што го знаевме повеќе не постои

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

(ВИДЕО) Нејма јасен пат во овој хаос, последиците ќе бидат страшни – Фон Дер Лајен најави контрамерки

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

А1он

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон