Фон дер Лајен: ЕУ работи на координиран одговор на законот во Хонгконг

Од:

Претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен изјави дека е во контакт со меѓународните партнери, со цел да се утврди потенцијален одговор на новиот кинески закон за национална безбедност во Хонгконг.

Кинескиот Парламент тајно го усвои законот за безбедност кој ги ограничува основните слободи на Хонгконг и го овластува извршниот директор да именува судии за случаи по тој закон, објавија „Саут Чајна морнинг пост“ и Би-Би- Си.

Во своите забелешки Фон дер Лајен истакна дека ЕУ сега се обидува да координира одговор по повикот за делување од Европскиот парламент.

– Навистина доследно соопштивме дека Кина ќе ризикува многу негативни последици доколку продолжи со овој закон, вклучувајќи ја деловната доверба, кинеската репутација, парцепцијата на јавноста во Хонгконг и на меѓународно ниво, нагласи таа на прес-конференција по виртуелниот самит со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

На прашањето дали ЕК ќе го земе предвид повикот на Европскиот парламемт да ја тужи Кина пред Меѓународниот суд на правдата или дали разгледува други активности, како на пример забрана за извоз на технологија која може да се употреби во мировни или воени цели во Хонгконг, Фон дер Лајен одговори дека Комисијата многу внимателно ќе ги процени следните чекори.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Ние сме посветени да продолжиме да вршиме притисок врз Кремљ

Горан Наумовски

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Урсула Фон дер Лајен: Колапсот на Украина ќе ги ослаби и САД и Европа

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика