Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Комисијата наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд, во кој досега не се инвестирало доволно.

– Работиме на зајакнување на односите на ЕУ со Гренланд и како дел од ова, Комисијата наскоро ќе предложи значаен инвестициски пакет – изјави фон дер Лајен по завршувањето на вонредниот самит на ЕУ посветен на трансатлантските односи.

Самитот беше свикан откако американскиот претседател Доналд Трамп испрати пораки дека сака да го анектира Гренланд, арктички остров кој е дел од Кралството Данска. Неговите изјави во Давос дека нема да употреби сила за да го преземе Гренланд и дека нема да воведе дополнителни царини за европските земји беа пречекани со олеснување.

Претседателката на Комисијата нагласи дека Европската Унија досега не инвестирала доволно во безбедноста на Арктикот.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на заедничката конференција изјави дека САД и ЕУ имаат заеднички интерес за безбедноста во арктичкиот регион.

Кошта го поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да воведува нови тарифи за европските земји.

Осврнувајќи се на Мировниот комитет што го основа Трамп, Кошта рече дека ЕУ има „сериозни сомнежи за голем број елементи од повелбата на комитетот, во однос на неговиот опсег, управување и компатибилност со Повелбата на ОН“.

Кошта и фон дер Лајен рекоа дека лидерите на земјите-членки сакаат трговскиот договор потпишан со Меркосур да биде привремено применет и покрај одлуката на Европскиот парламент да ја одложи ратификацијата со барање Судот на правдата на ЕУ да преиспита дали договорот е во согласност со договорите на ЕУ.

„Што се однесува до Меркосур… прашањето за привремена примена беше покренато од неколку лидери вечерва… и постои јасен интерес да се обезбеди што е можно поскоро спроведување на придобивките од овој важен договор“, рече фон дер Лајен.

Лидерите на земјите-членки се собраа во Брисел во четврток вечерта на вонреден самит свикан минатиот викенд по заканите на САД за анексија на Гренланд и воведување царини за европските земји што се спротивставија на тоа, што претседателот Доналд Трамп оттогаш ги повлече.

Би можело да ве интересира

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Венс: САД мора да имаат права врз природните ресурси на Гренланд

Горан Наумовски

Данската премиерка постави црвена линија: Гренланд не е на продажба

Маневарот на Трамп во Давос е фарса за излез од непријатната ситуација

ВИДЕО: Што би добил Трамп од „рамковниот договор“ за Гренланд

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: Поважно од кога било да се фокусираме на Украина