Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирен од сликите од Газа

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е „длабоко вознемирена“ од сликите од Појасот Газа и нагласи дека е неопходно да се истражи што се случи на северот на палестинската енклава, кога десетици Палестинци биле убиени додека чекале ред за храна.

„Длабоко сум вознемирен од сликите од Газа. Мора да се вложат сите напори за да се истражи што се случило и да се обезбеди транспарентност“, напиша Фон дер Лејен на социјалната мрежа Х.

Таа додаде дека хуманитарната помош е „спас за оние на кои им е потребна“, нагласувајќи дека е неопходно да се обезбеди пристап до хуманитарна помош.

„Ние стоиме покрај цивилите и повикуваме на нивна заштита во согласност со меѓународното право“, изјави претседателот на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Ердоган и Фон дер Лајен: Се согласуваме за потребата од зачувување на суверенитетот на Сирија

А1он

Фон дер Лајен: ЕУ треба да ги интензивира односите со групата Хајат Тахрир ал-Шам

А1он

Фон дер Лајен се предомисли, нема да оди на отворањето на Нотр Дам

А1он

Лајен: Сонот за Европа се протега и на Западен Балкан, посветеноста на Европа ќе биде посилна од онаа на Русија

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски