Фон дер Лајен: Данска и Гренланд имаат целосна европска поддршка

Од:

Европа цврсто стои на поддршка за зачувување на суверенитетот на Кралството Данска и Гренланд, изјави денес претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека Европската Унија (ЕУ) секогаш ќе ги штити своите стратешки економски и безбедносни интереси.

– Ќе одговориме на овие предизвици за европската солидарност со смиреност и решителност, напиша фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.

Претседателката на ЕК изјави дека разговарала и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанскиот премиер Џорџо Мелони за актуелните предизвици поврзани со Гренланд.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Вашата борба нема да биде заборавена

А1он

Трамп тврди дека испратил брод во Гренланд; пристигна одговор од Данска

Данска верува дека САД не се откажаа од Гренланд

А1он

Фон дер Лајен: Еден за сите, сите за еден – тоа е она што претставува Европа

А1он

Германските „Еурофајтери“ и се приклучуваат на арктичката мисија

Фредерик-Нилсен: Американските намери се целосно неприфатливи

А1он