Фон дер Лајен: Ако се одложи Брегзит, ќе барам и британски еврокомесар

Од:

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјeн, денеска во Хелсинки изјави дека доколку повторно биде пролонгирано излегувањето на Велика Британија од ЕУ таа ќе побара Лондон да именува и испрати во Брисел свој еврокомесар.

Фон дер Лајен оцени дека шансите Лондон да добие продолжување на тој рок се „многу добри“, но рече дека не е јасно до кога може да биде пролонгиран Брегзит..
Премиерот на Финска, претседателство со ЕУ, Анти Рине, на заедничката прес-конференција рече дека поголемо мнозинство, а можеби и „сите членки на ЕУ“, го поддржуваат предлогот за продолжување на крајниот рок на Велика Британија за напуштање на Унијата.

Премиерот на Финска Анти Рине, чија земја претседава со ЕУ, на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен истакна дека големо мнозинство, а можеби и сите членки на ЕУ ќе го поддржат предлогот на Велика Британија да и се продолжи рокот за излегување од Унијата.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја