Фон дер Лаен: Наша цел е создавање европска армија

Од:

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен изјави дека формирањето европска армија е долгорочна цел и како пример ја наведе германско-холандската воена соработка. Таа даде интервју заедно со холандската колешка Жанин Хенис Пасхерт за Билд ам Зонтаг.

– Европската армија останува долгорочна цел, но остварувањето на тоа најверојатно, ќе го дочекаат моите деца. Сега се работи на тоа чекор по чекор да се зајакне европската одбранбена унија. И САД сака Европа да стане силна во НАТО. И за тоа да се постигне, мора одделни нации да излезат со конкретна воена соработка, како што тоа го прават Германците и Холанѓаните, изјави Фон Дер Лаен.

Холандската министерка Хенис Пласхерт предупреди денеска за ризици и закани кои не познаваат граници и оти на НАТО му недостасува баланс.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски