Финскиот претседател може да посредува за обнова на контактите меѓу Киев и Москва

Од:

Европа и Евроазија се обидуваат да организираат средба меѓу украинскиот лидер Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин.

Финскиот претседател Саули Ниисто можеби ќе ја презеде улогата на посредник, кој ќе ги обнови контактите меѓу Киев и Москва, објави Би-би-си.

Во написот на Би-би-си се споменуваат средбите на Ниисто со Путин во петокот, со Порошенко во саботата минатата седмица, а потоа и со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, на кои била разгледана ситуацијата во Украина.

– Мировната мисија на финскиот претседател е спроведена со сигнали од Астана, Минск и Брисел, дека лидерите на двата сојуза – Царинска унија и Европска унија, сакаат да посредуваат за средба меѓу шефовите на држави на Украина и Русија.

Ниисто секој пат посочува дека негова главна цел е да постигне запирање на крвопролевањата во Југоисточна Украина.

Според аналитичари, Порошенко би сакал пред 24 август – Денот на независноста на Украина, да постигне сериозни воени успеси во операцијата против сепарастите, додава Би-би-Си.

Би можело да ве интересира

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Сирски: Сојузниците се решени да ја поддржат долгорочната безбедност на Украина и Европа