Финскиот парламент гласаше за членство во НАТО

Од:

Финскиот парламент денеска го усвои законот кој и овозможува на Финска конечно да стане членка на НАТО, а сега е потребна само согласност од Унгарија и Турција.

Финска, која досега беше земја на надворешнополитичка неутралност, по почетокот на руската инвазија на Украина во мај минатата година, одлучи да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор наместо да се потпира единствено на своите вооружени сили во одбраната на долгите 1.300 километри граница со Русија.

Со усвојувањето на основните документи на НАТО, Финска е чекор пред Шведска, која исто така поднесе барање за членство, но беше одбиена од Турција.

Финска ја очекуваат парламентарните избори на почетокот на април, па некои аналитичари сметаат дека сака да го заврши пристапниот процес до тој датум. За членство гласаа 184 пратеници, а 7 беа против.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја е подготвена да ја прими Финска, но дека се уште смета дека Шведска е засолниште за членовите на терористичките групи.

И Финска и Шведска сè уште чекаат одобрение од Унгарија, чиј парламент почна да расправа за ова прашање во средата и може да одржи гласање подоцна во текот на месецот.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он