Финската премиерка се извини за фотографијата од забавата од официјалната резиденција

Од:

Финската премиерка Сана Марин денеска се извини за објавената фотографија од приватна забава што ја организирала во нејзината официјална резиденција во јули, откако минатата недела беше објавено видео од нејзината „забава“, што предизвика јавна дебата.

Во понеделникот, Владата информираше дека Марин, една од најмладите лидери во светот, е негативна на тестот за дрога.

Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување.

Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол.

На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога.

Оваа недела, пак, на социјалните мрежи почна да се споделува уште една фотографија на која се прикажани две познати инфлуенсерки како се бакнуваат, покривајќи ги голите гради со натписот „Финска“ од официјалната резиденција на премиерката во Хелсинки.

„Според мене, фотографијата не е примерна. Се извинувам за тоа. Не требаше да дојде до таква фотографија, но инаку ништо несекојдневно не се случило на забавата”, изјави Марин потврдувајќи дека фотографијата е од нејзината резиденција.

Марин рече дека фотографијата е направена на приватна забава со нејзините пријатели по музички фестивал во јули.

Финците се поделени околу однесувањето на премиерката.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски