Финска пресече, аплицира за членство во НАТО

Од:

Финскиот претседател Саули Нинисто објави дека неговата земја формално аплицира за членство во НАТО.

Тој рече дека тоа ќе ја максимизира безбедноста на земјата.

Финската премиерка Сана Марин вели дека се надева оти парламентот ќе ја одобри одлуката да аплицира за организацијата.

Одлуката на парламентот во овој случај ќе биде повеќе формалност со оглед на консензусот што владата сега го има за пристапувањето на Финска во Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Главната мотивација на нордиските земји Финска и Шведска да влезат во НАТО е клаузулата на Алијансата според која нападнатата членка мора да ја брани целата Алијанса, која доби посебна тежина по руската инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година