Финска: Нема разговори со Русија

Од:

Финските власти немаат намера да водат политички разговори со Русија во врска со ситуацијата на нивната источна граница, изјави премиерот Петери Орпо.

Подготвени сме да разговараме на дипломатско ниво. Нема политички разговори со Русија“, изјави Орпо за финските медиуми, пренесува РИА Новости.

Како што соопшти руската гранична служба, овластените претставници на финската и руската страна одржуваат редовни средби, но преговорите не доведоа до решение кое ќе ја стабилизира ситуацијата на границата.

Финска привремено затвори седум од осум патнички гранични премини со Русија како одговор на големиот прилив на мигранти од Русија, за што ја обвинува Москва.

Од 18 ноември, финските власти затворија четири од осумте контролни пунктови на четири месеци.

Подоцна Хелсинки одлучи да затвори уште три контролни пункта на границата со Русија, освен Раџа-Жосепи, до 23 декември.

Москва не ја исклучува можноста финските власти целосно да ја затворат границата, наведува руската агенција.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск