Финска ја засили безбедноста на своите воздушни граници заради руското патролирање над Балтикот

Од:

Финска го засили обезбедувањето на своите воздушни граници заради „невообичаено високата активност“ на руската воена авијација во Балтичкиот регион, се посочува во вчера лиферуваното коминике на финските военовоздухопловни сили, соопшти ТАСС.

„Во последните неколку дена значително се зголемени активноста на руската воена авијација во регионот на Финскиот залив и Балтичко Море. Не беше утврдено нарушување на воздушните граници на Финска“, се посочува во коминикето.

Според податоците на финските воено-воздухопловни сили летовите на руската авијација се изведуваат од воените бази во Русија во правец на Калининград и обратно, по маршрути преку Балтикот.

Меѓу авионите биле забележани и бомбардери, и ловци и транспортни авиони.

„Заради овие појави Финска го засили обезбедувањето на своите воздушни граници и презеде соодветни мерки“, забележаа финските ВВС.

– Тринаесет руски воени авиони во неделата прелетале над Балтичко Море во меѓународниот воздушен простор, во близина на границите на НАТО, изјави за ТАСС портпаролката на Алијансата, Оана Лунџеску.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Во тоалетите на финскиот парламент пронајдени траги од дрога

А1он

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море