Филмски грабеж во казиното во Екс-ан-Прованс во Франција

Од:

Повеќе вооружени лица во текот на минатата ноќ извршија вооружен грабеж во казиното во Екс-ан-Прованс, предизвикувајќи паника меѓу присутните 700 клиенти, при што петанесетина биле повредени. Напаѓачите успееле да ја земат касата од казиното со десетина илјади евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

Нападот се случил околу 2 часот во казиното Пасино, на јужниот влез од градот, кога лица вооружени со калашникови влегле во зградата и започнале да стрелаат движејќи се кон касата, без притоа да повредат некој од клиентите. Во паниката, гостите започнале да бегаат мислејќи дека станува збор за терористички напад и при бегството петнаесетина од нив се полесно повредени.

Откако го зеле пленот напаѓачите со моќен автомобил веднаш побегнале. Истиот автомобил е пронајден запален, со цел да се избришат сите траги. Пленот се проценува на десетина илјади евра и наскоро се очекува да биде соопштена точната сума.

Според локалните власти, нападот траел неколку минути. Најблиската полициска станица е само на 500 метри од казиното и иако веднаш била информирана за воружениот грабеж, кога првите полициски патроли пристигнале на местото, напаѓачите веќе заминале.

Истото казино веќе било два пати жртва на вооружени грабежи во 2011, при што во првиот грабеж биле украдени 100.000 евра, додека при вториот дошло до претсрелка со полицијата, но не се кажува висината на пленот.

Би можело да ве интересира

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски