Филипинскиот претседател застрелал владин агент кога бил градоначалник

Од:

Поранешен припадник на филипинскиот „Одред на смрта“ тврди дека актуелниот претседател на Филипините, Родриго Дутерте застрелал агент на Министерството за правда со автоматска пушка „Узи“, додека бил градоначалник на градот Давао.

Во изјава дадена пред членови на една сенатска Комисија која ги истражува случаите на спроведување на правдата „надвор од законот“, поранешниот војник Едгар Матобато открил дека Дутерте му наредил, нему и на другите членови од „Одредот“ да ликвидираат околу илјада криминалци, но и политички противници.

Портпарол на претседателот ги отфрлил сите вакви обвинувања, тврдејќи дека истрагата што ја покрена сенатската Комисија за работењето на Дутерте додека бил градоначалник, не води никаде.

Матобато, кој доброволно се пријавил да сведочи пред Комисијата, признал дека бил член на „Одредот“ – позната паравоена група која дејствувала надвор од законот, која убивала криминалци, дилери на дрога и силувачи. Но за „Одредот„ се тврди дека учествувал и во ликвидацијата на четворица соработници на некогашниот политички противник на Дутерте во трката за градоначалник на градот Давао.

– Во 1993 година, одредот застрела и рани еден владин агент, при пресметката на еден блокиран пат. Човекот беше се уште жив, кога дојде градоначалникот Дутерте, грабна еден „Узи“ и го уби агентот, изјави при сослушувањето Матобато.

Тој изјави дека побегнал од системот на заштитен сведок, кога Дутерте беше избран за претседател, плашејќи се за својот живот.

Дутерте за градоначалник прв пат е избран во 1988 година и остана познат по својата брутална пресметка со подземјето и со криминалот за сите години додека беше на таа функција.

Откако оваа година стана претседател, околу три илјади криминалци, наркомани и дилери на дрога беа убиени, што доведе до обвинувања од домашната и меѓународната јавност за прекршување врз човековите права.

Самиот претседател грубо се пресметува и со своите странски критичари, па генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го нарече „будала“, а американскиот претседател Барак Обама „курвин син“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод