Филипинскиот претседател призна убиство во „борбата со криминалот“

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте призна дека лично има убиено човек, осомничен криминалец, додека бил градоначалник на градот Давао.

Според филипинските медиуми, ова е првпат тој да го признае случајот, што се споменуваше уште пред да биде избран за претседател на Филипините во мај годинава.

Претходно, Дутерте беше 20 години градоначалник во Давао, град на југот од земјата, при што здоби репутација на бескомпромисен борец против криминалот, но и силни критики дека е поддржувач на нелегалните полициски „одреди на смртта“.

За своето минато, филипинскиот претседател зборуваше на еден собир во Манила, пред најугледните домашни бизнисмени.

Аналиитчарите во филипинскиот главен град сметаат дека ова е најнова во серијата контроверзни и често контрадкторни коментари на претседателот.

Во 2015 година Дутерте изјави дека лично убил „најмалку тројца“ осомничени за киднапирање и силување додека бил во Давао, но подоцна тврдеше дека не е убиец и дека никого никогаш нема убиено.

Од мај кога беше избран и од јуни годинава, кога Дутерте стапи на функцијата, полицијата уби шест илјади лица во „војната против криминалот, нарко мафијата и шверцерите на дрога“.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски