Филипинскиот претседател оди во Русија да купо оружје и да го смени „трговскиот дисбаланс“

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска заминава за Русија, каде ќе се сретне со својот „херој“, рускиот претседател Валдимир Путин, ќе се обиде да дојде до оружје и уште повеќе да ги разлабави традиционалните врски со САД на архипелагот, пренесоа француските медиуми.

Петдневната посета на Дутерте се очекува да го циментира очигледното подобрување на билатералните врски со Русија, откако во јуни 2016 година тој ја презеде власта на Филипините. Оттогаш филипинскиот лидер се повеќе ја разградува алијансата на неговата земја со поранешниот колонизатор – САД, кои ги обвинува за лицемерие и обиди за заплашување.

Дутерте во четврток ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, кого претходно го има наречено „сакан херој“. И притоа тој ги спомена посебните врски меѓу двајцата заради нивните заеднички хобија, како ловот и оружјата.

Филипинскиот претседател во петокот објасни дека меѓу неговите приоритети, поврзани со посетата на Русија, се стремежот да добие руски наведувачки бомби, што ќе ги користи во борбата против исламистичките бунтовници во јужниот дел на архипелагот.

– Имаме многу ’умни’ бомби, но не и толку прецизни, рече тој.

Децении наназад САД ја имаа улогата на главниот заштитник на Филипините, со кои ги поврзува спогодбата за взаемна одбрана.
Дутерте ја намали големината на заедничките годишни воени вежби и американската војска ја повика да го напушти архипелагот, напомена афранцуските меидуми.

Во разговор со руските новинари пред посетата, филипинскиот лидер ја дозвоили и можноста неговата земја да склучи воени сојузи со Русија и Кина, информира ТАСС.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски