Филипинскиот претседател ги предупреди бунтовниците да прекинат со конфронтацијата

Од:

Филипинските власти преговараат со муслимански бунтовници кои држат над 100 лица заложници, а претседателот Бенинио Акино предупреди дека владините сили нема да се поколебаат да употребат сила за да се стави крај на петдневната конфронтација.

Акино ги посети војниците и дел од околу 24.000 бегалци кои ги напуштија своите домови поради насилствата во јужниот град Замбоанга каде околу 200 приврзаници на бунтовничка фракција заземаа неколку села во почетокот од неделава и земаа локални жители за заложници.

Досега се убиени 22 лица меѓу кои и 15 бунтовници во спорадични престрелки меѓу бунтовниците и армијата.

Кризата почна во понедленикот кога припадници на фракција на Фронтот за национално ослободување на Моро, влегоа во судир со армијата кои ги спречија да влезат во Замбоанга и да го издигнат знамето над зграда на општинската власт.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод