Полицијата ќе ги добие бараните 15 милиони евра за борбата против шверцерите со дрога, откако денеска филипинскиот конгрес го одобри барањето.
Се очекува филипинскиот претседател Родриго Дутерте да го одобри зголемувањето на полицискиот буџет, имајќи предвид дека едно од неговите главни предизборни ветувања беше засилување на војната против шверцерите со дрога, за што тој одобрува дури и ликвидација без судење.
Полициските сили информираа дека во изминатите 17 месеци ликвидирале над 3.900 дилери и корисници на дрога.