Филипинската армија не дозволува пуч за смена на претседател Акино

Од:

Филипинскиот министер за одбрана Волтер Газмин денеска во Сенатот на Филипините потврди дека има извештаи за обид за пуч за смена на претседателот Бенињо Акино, но армијата се уште ја испитува веродостојноста на изворите.

Министерот сведочел во сенатската истрага за загинувањето на 44 командоси од специјалната полиција, кои беа жртви во пресметка со исламски бунтовници на југот на Филипините на 25 јануари.

При сведочењето министерот Газмин нагласи дека армијата е лојална на претседателот и ги отфрли шпекулациите дека во илегалната мрежа за подготовка на државен удар имало и високи офицери.

Акција за организирање на пуч за соборување на претседателот покренале влијателни кругови од опозиционите партии и моќни бизнисмени. Преку социјалните мрежи тие започнаa кампања за прогласување на претседателот Акино за најголем виновник за загинувањето на специјалците кои биле во потрага по еден од најпознатите терористи од Азија Зулфикири бен Хир, чија глава е уценета на пет милиони долари.

Противниците на сегашниот претседател Бенињо Акино изнесоа податоци според кои тој за време на обидите армијата да ги спаси специјалците од полицијата ја координирал акцијата, но таа била неуспешна, покрај другото и заради неговото мешање.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски