Специјалните единици на филипинската армија во пресметките што започнаа вчера, ликвидирале најмалју 14, а раниле 19 припадници на јужноазиското крило на групацијата Абу Сајаф.
Операцијата започнала во средата наутро, а во првите престрелки загинале и двајца припадници на специјалната бригада наречена Скаут ренџери.
Групацијата на Абу Сајаф, која оперира на југот на Филипините и во Малезија, со околу 400 припадници кои се сметаат за најекстремни исламистички бунтовници во овој дел на Азија, обезбедува финансирање на своите операции од средства што ги добива за откуп на богати локални бизнисмени и странци кои со своите јахти крстосуваат на ова подрачје.
Абу Сајаф често се пресметува со другите муслимански бунтовнички движења, кои се борат за автономија на јужните острови на Филипините каде е доминантно муслиманското население.
Највлијателната група, МОРО исламистичкиот фронт, која има над 5.000 вооружени припадници, од февруари минатата година започна мировни преговори со властите во Манила. Примирјето со МОРО фронтот од тогаш најчесто се почитува, но на 25 јануари годинава во се уште недоволно разјаснети околности припадниците на ова двужење убија 44 филипинските командоси.
Филипинскиот претседател Бенињо Акино вчера на одбележувањето на 29-годишнината од соборувањето на диктаторот Фердинанд Маркос, изјави дека конечниот договор со муслиманите на југот на Филипините ќе биде најголем политички успех на неговата администрација.
Поради обвиненија дека Акино е лично одговорен за загинувањето на командосите, неговите противници заговараа и државен удар. Отпорот требаше да кулминира вчера со протестетен собир на кој се најавуваше учество на дури милион луѓе, но најавениот протест не се случи.