Филипините подготвени да ги примат бегалците од Мјанмар и Бангладеш

Од:

Оценувајќи дека бегалската криза во Бенгалскиот Залив станува „бегалска катастрофа“ за која треба да се загрижи целиот свет, портпаролот на филипинскиот претседател Бенињо Акино, Херминио Коломбо денеска ја пренесе подготвеноста на неговата држава да ги прими бродовите со бегалци од Мјанмар и Бангладеш.

Коломбо изјави дека бегалците треба да добијат и политички азил, бидејки од матичните земји бегаат поради сиромаштија, но и верска тортура врз муслиманите од страна на мнозинското будистичко население.

Се проценува дека деновиве на отворено море во повеќе десетици бродови има над 8.000 бегалци од Мјанмар и Бангладеш, припадници на малцинското племе Рохингја. Нивниот егзодус стана актуелен од како тајландската полиција откри масовни гробници на бегалци на границата со Малезија. Тие, како и сегашните жртви, кои бараат, а не добиваат дозвола да дојдат во Малезија или Индонезија, најчесто се жртви на организирана трговија со луѓе.

Во Малезија и Тајланд досега се уапсени 38 лица, обвинети за организирање на илегална трговија со луѓе, а меѓу нив има двајца полицајци и 15 локални државни службеници.

Малезија најави дека ќе организира итен состанок на министрите за надворешни работи на државите кои најмногу се засегнати со проблемот на бегалците од Мјанмар и Бангладеш. Најавен е и регионален самит на шефовите на држави или влади од регионот, посветен на бегалската криза, но Мјанмар и официјално отфрли учество на овој собир.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски