Филипините ја обвинија Кина за нова илегална платформа за нафта

Од:

Командата на филипинската Морнарица денеска соопшти дека е откриен почеток на изградба на нова, шеста по ред, нафтена платформа во коралниот архипелаг Спрајтли во Јужното Кинеско Море.

Манила тврди дека и оваа платформа се гради во спорната територија на Јужното Кинеско Море и дека овој потег ќе го пријави до Меѓународниот суд за поморско право.

Спор за територијалниот суверенитет во Јужното Кинеско Море со Кина официјално, пред судот на Обединетите нации, водат Филипините и Виетнам, а со Пекинг за овие територии спорат и Малезија, Брунеи и Тајван.

Кина ги повторува тврдењата дека единствено таа има право на суверенитет над ова море богато со резерви на нафта и гас и е една од најголемите поморски трансверзали, низ која годишно се превезува стока со вредност од над пет трилиони долари.

Лани поради изградба на нафтена платформа во спорните води против Кина избувнаа крвави протести во Виетнам во кој имаше десетици жртви и беа запалени 21 фабрика со кинески капитал.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски