Филипините и Виетнам договараат заедничка стратегија за Јужното Кинеско Море

Од:

Филипините и Виетнам на високо политичко ниво договараат заедничка стратегија за одбрана на своите и заедничките интереси во однос на сувереноста на територијата на Јужното Кинеско Море.

За ова Mоре, богато со резерви нафта, гас и рибен фонд, а низ кое минува над 70 посто од вкупниот поморски транспорт во светски рамки, Кина прогласува сопствен суверенитет на целата негова површина, а државите што излегуваат на спорното море не се согласуваат со кинескиот став.

Покрај Виетнам и Филипините, кои решавање на спорот за суверенитетот побараа од Меѓународниот суд на Обединетите нации, право на свој суверен дел бараат и Малезија, Брунеи и Тајван. Кина не прифаќа спорот да се решава во телата на Светската организација и често го повторува ставот дека е подготвена на билатерални разговори за спорот околу територијата на морето.

Не споменувајки ја директно Кина, портпаролот на филипинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека министрите за надворешни работи на Филипините и Виетнам, Алберт дел Росарио и Пам Бин Мин минминатиот петок договориле генерална стратегија за партнерство за одбрана на заедничките интереси.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ