Филипините бараат помош од САД и од Кина во борбата против пиратите

Од:

Филипините бараат помош од САД и Кина за да заштитат важна морска рута од исламски екстремисти кои веќе почнаа да напаѓат и меѓународни бродови во близина на јужното крајбрежје на островската држава, соопштија денеска филипинските власти.

– Манила има намера од својот долгогодишен сојузник во одбраната, САД, да побара заеднички вежби во водите крај јужниот брег на Филипините, со цел – тој проблем да се реши. Манила има намера и да се обрати до Министерството за одбрана на Кина во врска со заедничката патрола кај јужниот филипински брег, изјави филипинскиот министер за одбрана, Делфин Лоренцано.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте минатата недела ги повика кинеските власти да испратат своја патрола во водите каде се движат пиратите.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски