Најмалку 53 лица загинаа во судирите помеѓу владините сили и муслиманските бунтовници на југот на Филипини.
Војската соопшти дека оваа недела во судирите во Замбоанги, загинаа 53 лица, десетици се повредени, а повеќе од 60.000 побегнале од своите домови.
Најновите судири го доведоа во прашање спроведувањето на мировниот договор кој што во октомври, минатата година го постигнаа бунтовниците од Националниот ослободувачки фронт „Моро“.
Елена Георгиевска