Најмалку шест лица загинаа, а 28 се повредени кога експлодираше бомба во ресторан на југот на Филипини, соопштија денеска локалните власти.
Полицијата соопшти дека импровизираната експлозивна направа експлодирала околу полноќ по локално време, во пристанишниот град Кагајан де Оро.
Меѓу загинатите е и локалниот политичар Ролдан Лагбас, член на Извршниот совет на провинцијата Мисамис Ориентал, додека меѓу повредените има голем број претставници на фармацевтски куќи, бидејќи за нив била организирана забавата во ретсоранот.
Градоначалникот Кагајан де Ора Оскар Морено изјави дека најмалку две лица се во критична состојба.
Засега не се знае мотивот за нападот, истрагата е во тек.