Филипини: По 40 часови се уште не е изгаснат пожарот во фабриката

Од:

Филипинските пожарникари се уште не успеаа во целост да го изгасат пожарот што пред 40 часови изби во голема фабрика јужно од Манила.

При пожарот се повредени најмалку 126 работници.

Локалните претставници наведоа оти нема знаци дека во фабриката останале заробени голем број луѓе и дека шестмина работници се водат како исчезнати.

Пожарот изби во средата, пожарникарите дури по 18 часови успеаа да го стават под контрола, а се очекува дека денеска целосно ќе биде изгаснат.

Се претпоставува дека пожарот избил како последица од загрејување на одредени машини за производство.

Фабриката се наоѓа на 26 километри јужно од Манила, а во неа се вработени околу 15.000 лица.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски