Филипини ги отвори училиштата кои две години беа затворени поради коронавирусот

Од:

Милиони ученици на Филипините денеска се вратија во основните и средните училишта за првпат по две години откако беа затворени поради коронавирусот.

Властите во земјата се соочуваат со недостаток на простории за настава, страв кај луѓето од коронавирусот и оштетени училишни згради поради земјотресот што го потресе северниот дел на земјата.

Само околу 24 илјади државни училишта или околу 46 отсто, од денеска би можеле да започнат со редовна настава пет дена во неделата, додека останатите ќе практикуваат комбиниран модел на настава во живо и „онлајн“.

Комбинираниот модел на настава е предвидено да се спроведува до 2 ноември.

Филипинските власти стравуваат дека влошена е состојбата со писменоста на децата во земјата поради долготрајниот прекин на наставата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод