Филип Морис потрошиле 1,5 милиони евра за лобирање кај пратеници од ЕП

Од:

Американскиот производител на цигари Филип Морис Интернешнал потрошил 1,5 милион евра за ручеци и вечери во рамки на напорите да придобие пратеници од Европскиот парламент да ублажат закон на ЕУ за производи од тутун за кој ќе се гласа на следната пленарна седница во Стразбур.

Во износот кој во јавност го изнесе пратеникот на Зелените и германски пратеник во ЕП, Ребека Хармс вклучени се трошоци за состаноци одржани лани со околу третина членови на европското законодавно тело.

Од американската компанија не сакаа да го коментираат износот, но на интернет страницата објавено е дека обвинувањата за силно лобирање се неточни.

Гласањето за директивата кое требаше да биде одржано во почетокот на септември е одложено заради наводно силното лобирање на компанијата во рамки на напорите дискусијата да се одржи кога на чело на ЕУ ќе биде Грција, која е „најнаклонета“ кон тутунските производи.

Хармс изјави дека амандманите од членови воглавно од партии на десниот дентар, конзервативци и одредени либерали се во согласност со „пет посакувани измени“ од американската компанија.

На листата на „желби“ на Филип Морис се бришење на забраната за ментол цигари, предупредување на штетност од цигари само на дното од пакувањето, намалување на забраната за следната генерација на производи како електрични цигари и намалување на обемот на предупредуавње. Компанијата исто така посакува и повлекување на т.н. „делегирани акти“ со што пратениците од ЕП би биле спречени лесно да ја дополнуваат директивата откако ќе стане правосилна.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

Орце Костов

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација

Производителите на цигари ќе мора да ги сносат трошоците за чистење на улиците од отпушоци