Филе очекува Тимошенко наскоро да замине на лекување во Германија

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска дека очекува Украина да и дозволи на поранешната премиерка Јулија Тимошенко да замине на лекување во Германија, пред средбата на ЕУ кон крајот на следниот месец.

Со тоа ќе се надмине клучната пречка за склучување договор меѓу ЕУ и Киев.

– Мислам дека не сме далеку од тоа. Очекувам тоа да се случи пред средбата на врвот во Вилнус, која треба да се одржи на 28 и 29 ноември, нагласи Филе.

Владите од ЕУ го условуваат потпишувањето на договорот за асоцијација и слободна трговија меѓу Унијата и Украина со дозволата за лекување на Тимошенко, која отслужува казна затвор од седум години.

 

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина