„Фигаро“: Наскоро парични казни за корисниците на проститутки во Франција

Од:

Наскоро користењето услуги од проститутки во Франција ќе се казнува парично, пишува весникот „Фигаро“.

На 27 ноември францускиот парламент ќе го разгледа предлог законот за пратениците од Социјалистичката партија за казнување на луѓето што користат услуги од проститутки. Казните ќе изнесуваат до 1.500 евра.

Предлог законот предвидува зајакнување на борбата против макроата, зголемување на сексуалното образование во училиштата и подобрување на мерките за заштита и интегрирање на проститутките во општествотво. Законот предвидува и мерки за олеснување на издавањето на дозволи за престој на проститутки, кои не сакаат да се враат во своите земји.

Според податоците на француските власти во земјата има меѓу 20.000 и 40.000 проститутки, од кои 80 проценти се странски државјани.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата