Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо откри дека тамошната разузнавачка служба го предупредила дека има план да се изврши државен удар.

Фицо рече дека словачката опозиција стои зад овој план и се подготвува да го собори со државен удар.

– Не можам да именувам никого, не можам да ги спомнам околностите, но со целосна сериозност и одговорност можам да кажам дека словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“, изјави Фицо.

„Словачката опозиција се подготвува да заземе владини згради и да соработува со странски сили“, продолжи Фицо, коментирајќи ја изјавата на СИС (Словачка разузнавачка служба) за операција за дестабилизација на земјата.

СИС претходно соопшти дека добиле информации за организирање на долгорочна операција за влијание врз дестабилизацијата на Словачка.

Словачката опозиција во вторникот го обвини премиерот дека ја поставува основата за излез на земјата од Европската Унија, но се откажа од предлогот за гласање недоверба на него и на неговата влада.

Опозицијата најави дека го повлекла предлогот во знак на протест поради одлуката на Фицо да ја затвори расправата за јавноста, со образложение дека ќе се разговара за доверливи информации.

Би можело да ве интересира

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Поднесено обвинение против осомничениот за атентатот Фицо: Се товари за терористички напад

Фицо: Не ја поддржувам војната, ниту воена и финансиска поддршка за Украина

А1он

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Фицо: ЕУ мора да се оддалечи од војната во Украина и да стане суверена на своите позиции