Фицо попушти, Европската унија вовоедува нов пакет санкции за Русија

Од:

Земјите-членки на ЕУ денеска постигнаа договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, објави високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.

„ЕУ штотуку одобри еден од најсилните пакети санкции против Русија“, објави Калас на социјалната мрежа X.

Пакетот беше договорен на состанок на амбасадорите на земјите-членки, а денеска ќе биде официјално потврден од министрите за европски работи на земјите-членки. Во јуни, ЕК го предложи 18-тиот пакет санкции против Русија, кој главно е насочен кон руските приходи од продажба на енергија и банкарскиот сектор.

Овој пакет санкции вклучува намалување на највисоката цена по која може да се продава руска сурова нафта од 60 долари на 47,6 долари за барел.

Усвојувањето на пакетот беше блокирано извесно време од Словачка, барајќи отстапки во сосема поинаков предлог на Комисијата, кој се однесува на прекин на увозот на руски фосилни горива од 2028 година.

Словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека неговата земја добила гаранции од Комисијата за помош во случај на потенцијален недостиг на гас или скокови на цените и транзитните такси, како и помош во спорови околу потенцијални барања за отштета од рускиот добавувач Газпром.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

Од петок почнува целосната имплементација на системот за влез/излез на Европската унија

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

ЕУ ги разгледува сите опции поради влијанието на војната врз снабдувањето со енергија

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја