Словачкиот премиер Роберт Фицо објави денеска дека понудил оставка на функцијата, што се случува по притисокот од опозицијата за справувањето со скандалот со убиството на новинарот Јан Куцијак.
– Денеска понудив оставка и ја доставив до претседателот на државата. Доколку тој ја прифати, подготвен сум утре да поднесам оставка и да назначам нов премиер, ако Претседателот се согласи да и даде на неговата партија Смер право да го избере следниот лидер на Владата.
Телото на 27-годишниот Куциак и неговата девојка Мартина Кушнирова беа пронајдени со прострелни рани на 25 февруари во нивниот дом.
Куцијак ги истражуваше активностите на италијанската мафија во Словачка и нејзините врски со лицата блиски до премиерот Фицо. Тој во последниот незавршен текст ги опишува активностите на членовите на криминалната организација Ндрангета во источна Словачка и поврзаноста на еден од нив со соработник на Фицо, како и на другите соработници на словачкиот премиер.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ), британскиот Скотланд јард и Европол и помагаат на словачката полиција во истрагата за убиството на новинарот.