Фицо: Планот на ЕУ за користење на руски средства за Украина би можел да пропадне поради сериозни ризици

Од:

Планот на ЕУ за користење на руски средства за Украина би можел да пропадне поради сериозни ризици, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

– Очекувањата за конфискација на замрзнат руски средства се огромни, но претстојниот самит на Европскиот совет во декември, кога треба да се донесе одлука, би можел да заврши со неуспех, заклучи Фицо.

Тој додаде дека предложил во заклучокот (од самитот на ЕУ во четврток) да не се споменува можноста за конфискација и Комисијата да предложи други опции за финансирање за Украина во следните две години, што ЕК го прифати.

Тој истакна дека предложената конфискација на руски средства претставува сериозни ризици, вклучувајќи одмазднички мерки од страна на Руската Федерација, кршење на меѓународното право и тужби од руска страна.

Би можело да ве интересира

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Украинците тврдат дека вратиле 480 квадратни километри територија

А1он