Фицо: Без разумни предлози, нема да поддржам нови санкции против Русија

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека нема да го поддржи 19-тиот пакет санкции против Русија доколку заклучоците на Европскиот совет не содржат, како што изјави, „разумни предлози и насоки“ за Европската комисија.

Зборувајќи на настанот „Ден на извозот на ЕУ“, посветен на зајакнување на подготвеноста за извоз и конкурентноста на компаниите надвор од ЕУ, Фицо нагласи дека Европскиот совет мора да се справи со клучните економски прашања, а не само со помошта за Украина, објави словачкиот весник „Справа“.

„Нема да го поддржам 19-тиот пакет санкции против Русија додека не видиме разумни формулации и упатства за Европската комисија во заклучоците на Европскиот совет“, рече Фицо, додавајќи дека лидерите на ЕУ имаат обврска да ја водат Комисијата како извршен орган на Унијата.

Тој нагласи дека е потребно да се дадат конкретни предлози во врска со индустријата, особено автомобилската индустрија, како и цените на електричната енергија.

Фицо ги повика политичките и економските актери во Словачка да се подготват за идното обновување на односите со Русија, бидејќи, како што изјави, „по завршувањето на војната, ќе биде потребно да се бараат деловни можности во таа земја“.

Словачкиот премиер го критикуваше Европскиот совет за, како што рече, прекумерно фокусирање на Украина, а воедно ги занемарува проблемите со конкурентноста на земјите од ЕУ.

„Ако не го решиме прашањето на извозот и високите цени на енергијата, нашите производи нема да можат да се натпреваруваат на светскиот пазар“, предупреди Фицо.

Осврнувајќи се на планираната забрана за производство на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, Фицо побара ревизија на таа одлука со одложување на рокот или промена на условите.

„Автомобилската индустрија во Словачка учествува со околу 40 проценти во извозот и 10 проценти во БДП. Ако го оставиме настрана, знаејќи во каква криза се наоѓа, и не кажеме ништо на следниот Европски совет, се поставува прашањето, зошто воопшто се состануваме, освен за Украина?“, заклучи Фицо.

Би можело да ве интересира

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Џефри Сакс: „Америка веќе не е единствената суперсила во светот“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

Бескрестнов: Украина ќе ги зголеми нападите врз Русија на 1.000 дневно