Фердинанд Маркос погребан како херој, Филипинците протестираат

Од:

Посмртните останки на поранешниот филипински претседател Фердинанд Маркос денеска беа погребани на Гробиштата на националните херои во предградието на Манила, Тагалог, што предизвика бурни протести, бидејќи многумина Филипинци го сметаат некогашниот лидер за диктатор, јави ДПА.

Луѓето извикуваа „крадец од темното доба”, додека војниците му оддаваа почест со топовски плотун.

Маркос почина во 1989, по тригодишно прогонство од својата земја, додека престојувал на Хаваи. Извесно време по неговата смрт, на барање на семејството, неговите посмртни останки беа вратени во семејниот мавзолеј на Филипините.

Денешниот погреб е резултат на 27-годишната битка на семејството, Маркос да биде погребан на почесните Гробишта.

Вдовицата на покојниот претседател, Имелда Маркос, која пак, е пратеничка, заедно со нивните деца и внуци присустваа на едночасовната церемонија.

Во главниот град, како и во други градови низ земјата се одржаа масовни протести.

– Неговиот погреб е се друго, освен погреб на херој. Дури и по својата смрт тој си останува крадец, изјави сенаторот Френклин Дрилон.

Регионален полициски началник пак образложи дека тоа не е државен погреб, туку воен.

Пред гробиштата имаше и група поддржувачи на починатиот лидер, кои го развеаја националното знаме.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод