Феноменот „Ел Нињо’’ повторно ги загрижува државите од брегот на Тихиот Океан

Од:

Метеоролозите од повеќе држави што лежат, или се во близина на бреговите на Тихиот Океан, попознат како Пацифик, загрижено ги следат атмосферските случувања во ова подрачје и го најавуваат повторувањето на феноменот „Ел Нињо“ (детенце), кој во нередовни интервали носи големи поплави во Јужна Америка и долготрајни суши во источна и југоисточна Азија и Австралија.

Меторолозите најавуваат дека „Ел Нињо“ ќе се појави во рок од два до пет месеци, кога ќе почне невообичаено да ја подига температурата на водата на океанската површина во подрачјето каде што се граничат Индискиот Океан и Пацификот, а од другата страна на океанот температурата на површинските води ќе се намалува.

Овој метеоролошки феномен се појавува во нередовни терминали и трае од шест месеци до две години. Во тој период од временски непогоди, покрај државите од Југоситочна Азија, загрозени се и Австралија, Тахитите и повеќе држави на Јужна Америка, најмногу Перу.

Најкатстрофални последици од овој феномне се забележани во 1988, 2001 и 2006 година, кога ураганите што ги предизвика „Ел Нињо“ предизвикаа катастрофални штети.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он