„Фејсбук“ повторно со проблеми, корисници пријавиле дека нивниот профил е хакиран

Од:

Илјадници корисници на „Фејсбук“ информираат дека нивниот њусфид изгледа многу чудно утрово, а многу корисници пријавиле дека нивниот профил е хакиран или дека не можат да пристапат до својот профил.

Корисниците на Фејсбук на оваа и на други социјални мрежи пишуваат дека нивниот њусфид утрово бил преплавен со стотици објави од непознати луѓе и никој не разбира што се случува.

Пријавени се и проблеми на страницата Down Detector и се чини дека е грешка или вирус.

На корисниците на Фејсбук утрово им се прикажува што објавуваат непознати луѓе на страниците на познати личности како Тејлор Свифт, Еминем или Гордон Ремзи. Така, корисниците утрово на својот њусфид гледаат што екипа од Африка или Индија објавува на страниците на познатите личности.

„Фејсбук“ не се огласи за да го објасни проблемот, но „Твитер“ е преполн со објави од луѓе кои се обидуваат да дешифрираат што се случува на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

Ќе се борам за вас секој ден со секој здив во моето тело, порача Трамп

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот