Фејсбук поради Кембриџ Аналитика казнет 500.000 фунти

Од:

Велика Британија го казни Фејсбук со 500.000 фунти поради неговата улога во скандалот кој избувна во врска со кражбата на личните податоци во кој беше вплеткана и британската фирма за политички консалтинг Кембриџ Аналитика, јави денеска Би-Би-Си.

Канцеларијата на Комесарот за информации заклучи дека Фејсбук дозволил сериозно „кршење на законот”.

Казната е максимално дозволената, според старите правила за заштита на податоци, кои биле во сила до стапувањето на новиот закон, ГДПР, во мај.

Канцеларијата на Комесарот за информации посочува дека Фејсбук им дозволил на програмерите да пристапат до личните информации на корисниците „без нивна јасна согласност”.

„Помеѓу 2007 и 2014 година,Фејсбук неправилно обработил лични податоци на корисниците, дозволувајќи им на развивачите на апликации да пристапуваат до нивните податоци без нивна јасна и информирана согласност и дозволил пристап дури и ако корисниците не ја преземале апликацијата, туку едноставно биле „пријатели “со луѓе кои тоа го сториле “.

„Фејсбук, исто така, пропуштил да обезбеди личните податоци да бидат безбедни, бидејќи не спровел соодветна проверка на апликациите и програмерите кои ја користеле неговата платформа”.

Фејсбук објави дека „ја разгледува” одлуката на Канцеларијата на Комесарот за информации.

„Иако, со должна почит, не се согласуваме со некои од нивните заклучоци, и претходно кажавме дека сме требале повеќе да сториме за да ги испитаме обвиненијата против Кембриџ Аналитика и да преземеме мерки во 2015 година, соопшти компанијата.

Истражувачот Александр Коган и неговата компанија ГСР користеа тестови за личноста за да соберат податоци на Фејсбук речиси на 87 милиони луѓе. Некои од овие податоци беа споделени со Кембриџ Аналитика, која ги користеше за насочено политичко рекламирање во САД.

– Дури и откако злоупотребите на податоците беа откриени во декември 2015 година, Фејсбук не направи доволно за да осигура дека оние што уште ги поседуваа да преземат соодветни и навремени мерки, вклучувајќи го и бришењето, вели Канцеларијата на Комесарот за информации.

Би можело да ве интересира

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фејсбук го затвора делот за вести во Германија, Франција и Британија

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Струмичанец објавил компромитирачка фотографија од поранешната вонбрачна сопруга