Фејсбук ја лансираше својата нова опција наречена “Photo Sync” за сите корисници на “iPhone” кои го користат најновиот оперативен систем “iOS 6″.
Оваа опција ќе ви ги закачи сите фотографии превземени со вашиот уред во приватен албум на Фејсбук.
Опцијата е додадена во официјалната апликација без придружувуњето на целосна обнова во “App Store”.
За да ја вклучите опцијата, едноставно насочете се кон “Photos” на официјалната Фејсбук апликација и потоа притиснете “Synced”, кое се наоѓа под вашите фотографии.
Фејсбук ветува дека закачените фотографии ќе останат приватни се додека вие не го промените тоа. Од албумот ќе можете да бришете фотографиите, да ги споделувате или едноставно да ги чувате само за вас.