Фејсбук отстрани десетици илјади лажни профили пред изборите во Германија

Од:

Социјалната мрежа Фејсбук, неколку недели пред парламентарните избори во Германија, кои се одржаа на 24 септември, отстрани десетици илјади лажни профили регистрирани во Федералната Република, изјави портпаролот на Фејсбук, Ричард Ален.

– По извештаите за странско мешање во претседателските избори во САД и во Франција, соработувавме со германските власти за неколку иницијативи за борба против дезинформации за да го направиме Фејсбук побезбедна средина за природно вклучување на граѓаните во општествениот живот, рече Ален.

За да се спречи злоупотреба на платформата, тој посочи дека почнале нова иницијатива за отстранување лажни профили за сомнителни активности.

Претходно, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека нема никакви траги од мешање во исходот на резултатите на германските избори преку социјалната мрежа.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени