Фејсбук избриша околу 900 налози поврзани со ултрадесничарски групи

Од:

Фејсбук вчера избриша речиси 900 налози поврзани со ултрадесничарските групи Прауд бојс (Proud Boys) и Американ гард (American Guard), соопшти компанијата.

Во соопштението е наведено дека се избришани преку 500 налози на Фејсбук и преку 300 налози на Инстаграм, откако помал број налози поврзани со овие две групи беа избришани уште пред две недели.

Фејсбук првпат избриша налози поврзани со двете групи на 30 мај, кога беше забележано дека почнале да објавуваат постови во врска со протестите во САД.

На овие групи Фејсбук првично им забрани да промовираат омраза, но тие продолжија да објавуваат фотографии со оружје и да ги повикуваат луѓето да присуствуваат на протестите низ Америка кои се раширија од Минеаполис по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Фејсбук следи како ултрадесничарските групи ја користат оваа социјална мрежа за координација на акции и за регрутирање нови членови.

Би можело да ве интересира

Австралија е првата земја во која Фејсбук и Гугл ќе плаќаат за вести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Лидерите на Фејсбук, Амазон, Гугл и Епл демантираат дека ја задушуваат конкуренцијата

Ана Ололовска

Првите луѓе на Фејсбук, Епл, Амазон и Гугл на сослушување пред американските конгресмени

Ана Ололовска

Фејсбук ќе го тестира алгоритмот за расна дискриминација

Ана Ололовска

Фејсбук отстрани лажни профили поврзани со бразилскиот претседател

Ана Ололовска

Канадски компании се откажуваат од рекламирање на Фејсбук

Ана Ололовска