На интернет се појавија информации дека Фејсбук ќе го промени дизајнот на Тајмлајн, како реакција на незадоволството од корисниците.
Според порталот „mashable“, социјалната мрежа тестира нов дизајн, кој има само една колона, од левата страна, додека десната е резервирана за статусите на пријателите, чатот, известувањата и другите информации за корисниците.
Сето ова во моментот е во експериментална фаза, а од Фејсбук не сакале да коментираат.