„Фејсбук“ евакуираше четири згради поради сомнителна пратка

Од:

Компанијата „Фејсбук“ синоќа ги евакуираше вработените од четири нејзини згради поради сомневање дека двајца нивни колеги биле изложени на нервниот гас сарин, кој бил спакуван во поштенска пратка упатена до седиштето на компанијата во Силиконската долина.

Џон Џонсон, претставник на противпожарната служба на калифорнискиот град Менло Парк, изјави дека вработените кои биле изложени на сомнителниот пакет, засега не покажуваат никакви симптоми.

Според него, компанијата секојдневно ја тестира секоја пошта заради можно присуство на несакани материи, а откако е откриено дека една пратка е сомнителна, стандардна процедура била прекината.

Портпаролот на компанијата Ентони Харисон рече дека по откривањето на сомнителната пратка, четири згради на „Фејсбук“ биле евакуирани и дека полицијата во моментов води истрага.

Засега, како што рече тој, три од четирите евакуирани згради биле темелно истражени и дадено е зелено светло вработените да се вратат во нив.

Долготрајната изложеност на моќниот боен отров сарин, кој исто така се користи како хемиско оружје, може да биде фатална.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он