„Фејсбук“ блокира проект на РТ со над 2,5 милијарди прегледи

Од:

„Фејсбук“ го блокираше „Ин д нау“, еден од најгледаните видео канали на руската државна телевизија РТ, поранешна „Раша Тудеј“, која емитува програма на англиски јазик.

– Ова е еден од најуспешните проекти на нашата телевизија со милијарди прегледи и тој е блокиран на „Фејсбујк“, напиша на својот „Телеграм“ канал главната уредничка на РТ, Маргарита Симоњан.

Видео каналот „Ин д нау’“ работи на принципот на вирално ширење со помош на веб-страници и социјални мрежи за споделување на видео-снимки. Видео каналот најмногу се пренесува на Фејсбук и комбинира забавно-смешни моменти со сериозна политичка пропаганда и пристрасност во полза на Москва.

Според Симоњан, „Фејсбук“ налозите на проектот биле блокирани откако Си-Ен-Ен побарал од социјалната мрежа да дознае дали проектот, финансиран од Русија, не е „пројава на руската замешаност во САД“.

Симоњан нагласи дека од социјалната мрежа не испратиле никакво барање или предупредувања до телевизијата за својата одлука.

Видео проектот е во реализација на водителката и новинарка на РТ, Аниса Науеј. Според телевизијата, видео прилозите на „Ин д нау“ досега имале 2.5 милијарди прегледи. Се прецизира дека проектот бил блокиран, бидејќи ги прикривал „врските со Кремљ“.

– И Си-Ен-Ен пишува дека ова е без преседан, дека „Фејсбук“ нема право да открива кој плаќа за видео проектите. Многу држави финансираат вирално видео (на пример на „Ал Џезира“), но нивите налози не се бришат, оцени РТ.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Мета воведува глобална забрана за РТ и за другите руски државни медиуми

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници