Има одреден список на профили на Фејсбук на кои може да влезете без лозинка.
На овие профили се влегува со само едно кликнување на глувчето. Пропуст е откриен на Hacker News каде беше објавена порака со линк на пребарувачот на Гугл со листа на линкови на повеќе од 1.3 милиони профили на Фејсбук и е-маил на тие корисници.
Без оглед на цврстинат на вашата лозинка и предупредувањата на експертите овој пропуст во Фејсбук, за пристап до некои кориснички профили на оваа мрежа воопшто не е потребна лозинка.
Сите линковите кои се објавени на Hacker News се пораки за известување кое Фејсбук го испраќа на корисниците, но дека тие пораки директно се испраќаат на меил, и се видливи само за корисниците на тој маил, и не може да се пребаруваат преку Гугл.
Нема информации за бројот на корисници на кои на овој начин им е влезено во нивните профили на Фејсбук (наводно најмногу се загрозени корисниците во Руса и Кина).
Со ова се потврдува дека социјалните мрежи навистина носат опасности. Во било кој профил може да се влезе без знаење на сопственикот и може да ги злоупотребат неговите приватни и интимни пораки и фотографии.