ФБИ тврди дека Северна Кореја стои зад големата кражба на криптовалути од минатиот месец

Од:

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) тврди дека Северна Кореја стои зад големиот грабеж на криптовалути од минатиот месец, кога беа изрударени дигитални валути во вредност од 620 милиони долари.

„Нашта истрага покажа дека за кражбата од 620 милиони долари пријавена на 29 март стои групата Лазарус и АПТ38, субјекти блиски до Северна Кореја“, се наведува во соопштението од ФБИ.

Според соопштението, Бирото заедно со американското Министерство за финансии и останатите владини партнери ќе продолжат да ги разоткриваат и да се борат против незаконските активности, вклучувајќи и кибер-криминал и копање критптовалути, преку кои се обезбедуваат средства за режимот во Пјонгјанг“.

Со кражбата биле засегнати и играчите на онлајн играта „Екси инфинити“. Мета на крадците била т.н. „Мост програма“ преку која на играчите им е овозможено да менуваат крипто-валути за друг вид дигитална валута.

За „Мост програмите“ важи дека претставуваат потенцијален ризик во ИТ индустријата, оттаму што малку се знае за нивната безбедност во користењето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Џонг Ун: САД стојат зад сите конфликти и крвопролевања во светот

Горан Наумовски

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета